Поврзи се со нас

Занимливости

Племе на најубавите луѓе – далеку од цивилизацијата со оригинални традиции и живот

Објавено

на

Племето Хумба живее на северот од Намибија и претставува културолошки диверзитет по начинот на живот, навиките и традициите.

Живеат многу скромно, се занимаваат со сточарство, односно одгледуваат крави од специјална раса. Племето брои околу 50 илјади луѓе, воспитувањето на децата е партијархално и постои полигамија (мажите имаат по повеќе жени)

Она што е многу карактеристично е негувањето на изгледот. Жените од племето Химба се признати како најубави жени во африканските племиња. Тие се високи и витки, имаат мазна и сјајна кожа, а особено внимание обрнуват на косата. Таа се плете во плетенки и се кити со разни орнаменти, зависно од статусот во племето и брачниот статус.

Мажените жени носат еден вид круна на главите, која е направена од козја кожа. И мажите и жените во ова племе одат топлес, а надолу носат сукни од кожа во различни бои. Облекуваат кожени чорапи и наметки заради заштита од инсекти.

Своето тело го мачкаат со кал, така се штитат од силните сончеви зраци, но исто така на тој начин ја негуваат кожата. Интересно е што припадниците на ова племе не се бањаат со вода, туку за хигиена користат ароматични билки и смола.

Кај нив постои верување дека детето само ги одбира своите родители. Традицијата е следна: кога жената сака да стане мајка, оди во шумата и медитира, се додека не ја слушне песната на детето што треба да го роди. Дури откако ќе ја слушне песната, меѓу мажите во своето племе бара кој ќе биде таткото. Пред да имаат физички контакти, тие двајцата заедно ја пеат песната.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена