Поврзи се со нас

Гостивар

По 40 пациенти дневно на детско одделение во Гостивар – Грипот и вирозите напаѓаат

Објавено

на

Изминатите две недели значиталено е зголемен бројот на пациенти на детското одделение во гостиварската општа болница „Д-р Ферид Мурад“. Дневно, лекарска помош од педијатар за своите дечиња бараат четириесетина родители. Покачена температура, кашлање, малаксаност, болки во грлото, се најчестите симптоми кои ги пројавуваат децата, кои пак во некои случаи се пропратени со дијареа и повраќање

Лекарите велат дека во овој период од годината вообичаено владеат вируси на грип, вирози кои доведуваат до респираторни инфекции на горните дишни патишта.

„Скоро секоја година ова време поради чести промени на температурите во воздухот се појавуваат вирози кои ги зафаќаат сите луѓе, но најчесто малите деца. На детското одделение во Гостивар, за амбулантски прегледи, скоро секој ден има по 40 деца со такви симптоми, особено последните денови. Поголем дел од нив добиваат терапија и лекувањето го продолжуваат дома, а само кај мал дел се јавува потреба за хоспитализација. Грипот и вирозите најмногу ги погодуваат помалите деца, затоа што тие имаат неоформен имунитет и се подложни многу побрзо да се разболуваат. Децата одат во градинка, во училиште, имаат контакти со многу други деца и преку кашлање, кивање, па и преку зборување си ги пренесуваат вирусите. Сепак, вообичаено ваквите вируси траат 5 до 7 дена и поминуваат без последици. Она што треба да се нагласи е советот до родителите, да не им даваат антибиотици на своја рака, туку да се консултираат со матичниот педијатар.“, рече д-р Ферит Муча, педијатар и раководител на детското одделение во болницата во Гостивар.

Поголемиот дел од децата ги поминуваат вирусите со вообичаена клиничка слика, меѓутоа има и случаи кога пациентите развиваат бронхит или пневмонија. На детското одделение има неколку дечиња со такви компликации, кои според лекарите се во добра општа состојба и реагираат на терапијата.

Педијатарот Муча вели дека првично родителите треба да ги ублажуваат симптомите со парацетамол, давање на што повеќе течности како чаеви, овошни сокови, зеленчук и овошје. „Условите дома треба да бидат соодветни, значи да ги проветруваат просториите, да ги дезинфицираат, а на децата да им даваат многу течности, овошје, зеленчук за да се ојакне имунитетот кај тие деца.“, вели докторот нагласувајќи дека максимум ваквата состојба може да потрае 5 до 7 дена, по што доколку состојбата не се подобри, се преземаат други мерки.

„Ако детето повеќе денови има висока температура над 39 степени, отежнато дишење, цијаноза (помодрување) на усните, свиркање на градите, би требало да се хоспитализира.“, рече д-р Муча.

Со оглед дека има ковид пандемија, а грипот и коронавирусот развиваат слични симптоми, децата кои имаат такви тегоби се тестираат за ковид. Периодов не се потврдени позитивни случаи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 6 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена