Поврзи се со нас

Вести

По која цена се продаваат лажните сертификати за вакцинација на DarkWeb

Објавено

на

Разновидни сертификати за вакцини против COVID-19 се продаваат по пониски цени на DarkWeb, според новиот извештај на Check Point Research . 

Истражувачите открија дека цените за дигитален ковид сертификат за вакцинација на ЕУ, како и картичките за вакцина против CDC и NHC Cov паднаа на 100 долари. Лажните тестови за PCR COVID-19 исто така се продаваат на големо.

Во март, цената за лажните пасоши за вакцини на DarkWeb се движеше околу 250 американски долари. Сертификатите најчесто ги купуваат групи и луѓе во САД, Велика Британија, Германија, Грција, Холандија, Италија, Франција, Швајцарија, Пакистан и Индонезија. Плаќањето е во криптовалути главно Биткоин, Монеро, Догекоин и други. Групите исто така прифаќаат плаќање преку PayPal.

Во Франција лажните здравствени сертификати масовно се продаваат на Snapchat. Лажните сертификати беа промовирани од француски државјани кои не сакаат вакцина против коронавирус, но сакаат да ги искористат предностите од здравствените дозволи за КОВИД-19. Цените за лажна здравствена дозвола во Франција варираат од 140 до 350 евра, откриле новинарите на АФП. Француската полиција откри случаи во Марсеј, Бордо и Гренобл, каде се хакирани компјутерите на матичните лекари и извлечени податоци за вакцинираните од таму. 

Во Обединетото Кралство сертификатите најчесто се продаваат преку рускиот Телеграм, по цена од 200 фунти по лице со тоа што хакерите тврдат дека имаат персонал од NHS подготвен да ја смени медицинската евиденција за да се осигура дека сертификатите може да се користат за работа или меѓународни патувања.

Италија со овој проблем се соочи во месеците мај и јуни, кога fake сертификатите се бараа масовно. Дека ваков бизнис навистина постои, докажува и најновата акција на италијанската полиција која пред три недели фати и стопираше серија онлајн измамници кои нудат лажни ковид сертификати за вакцинација. Италијанската полиција соопшти дека запрела 10 канали на апликацијата Телеграм кои воделе до анонимни профили на црниот интернет пазар односно мрежата DarkWeb. Каде за 150 евра можело да се добие и сертификат за вакцинација и шишенце од вакцина.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена