Гостивар
По околу 500 лица дневно во Гостивар се вакцинираат против коронавирус

Минатата и оваа недела темпото на имунизирање на граѓаните против ковид 19 во Гостивар е интензивирано. Според податоците од надлежните служби во овој период вакцина примиле околу 5.000 лица.
„Од минатата недела има навистина многу граѓани коишто се вакцинираат. Дневно по околу 500. Се работи по шест дена во неделата, значи вакцинација има и во сабота, за да се постигне да се вакцинираат сите кои изразуваат желба. Вакцините се безбедни и апелираме што поголем број на граѓани да се пријават за имунизаицја, на тој начин да се заштититем себе си и оние околу нас“, вели д-р Дафина Богданоска, одговорна на вакциналниот пункт во Гостивар лоциран во модуларната болница, кај некогашна дијализа.
Како што веќе информиравме од понеделник ќе се врши вакцинација без закажување, како и теренска вакцинација по руралните средини.
Во Гостивар имунизаицјата се одвива со вакцините на Астра Зенека и Синовак.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар