Поврзи се со нас

Гостивар

Поставување на бунгалови на патеката до Голем Кораб во НП Маврово

Објавено

на

Во завршна фаза се градежните активности за поставување на три мали куќички, бунгалови во еден од најпосетените и најатрактивните делови од Националниот парк Маврово, Корабскиот масив и врвот Голем Кораб каде што поминува и дел од High Scardus Trail, информираа од НП.

Бунгаловите се поставуваат на почетната точка на патеката која води до врвот Голем Кораб, а активноста е во рамките на проектот Алтернативни сместувачки форми на Кораб финансиран од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ – Скопје. Куќичките ќе бидат наменети за сместување на посетителите на овој регион со што се решава и проблемот од недостаток на алтернативни сместувачки капацитети во дел од НП Маврово.

Периодов исто така, има активности за туристичка валоризација на пештерата „Шаркова Дупка“ во Маврово и обука на двајца кандидати за спелеолози-водичи што ќе овозможи нејзино ставање во функција. Активностите се реализираат во рамките на проектот “Спелео авантурите- голема шанса за авантуристичкиот туризам” кој е финансиран од страна на НВО Паркови Динариди- Мрежа на заштитени подрачја ДИНАРИДИ.

Следната фаза од проектот предвидува санација на влезот – скалите во пештерата и осветлувањето со што наскоро се очекува пештерата да биде достапна и безбедна за посетителите.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена