Гостивар
По трет пат продолжена блокадата на Русино

Рампата кон Русино, останува спуштена и понатаму. Граѓаните одлучија да ја продолжат блокадата и во следните 10 дена. Пристап до депонијата, за сега имаат само камионите со отпад на гостиварски Комуналец.
Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ велат дека во меѓувреме очекуваат да оствара состанок со градоначалниците од полошко за да се разговара за нивните барања.
„Нашето главно барање е депонијата да се затвори – Стоп Русино. Но, знаеме дека тоа не може да се случи веднаш. Додека се работи на тоа, бараме пред се итна санација, да се соберат отпадните води, патот да се исчисти, полн е со ѓубре. Исто така, камионите да се санираат, затоа што тие поминуваат низ Гостивар. Транспортот на ѓубре да биде во одреден термин, од 22 навечер до 6 наутро. И се разбира редовно трупање и тапкање на ѓубриштето“ изјави Анастасија Дукоска, од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“
Ова е трет пат по ред како се продолжува блокадата на Русино. Граѓаните веќе еден месец дежураат на рампата по 24 часа. „Горда сум на сите што се вклучени во иницијативата и даваат поддршка. Навистина не е лесно да се спроведе 24-часовна блокада, и тоа поминавме секакви временски услови, и многу жешко време и дожд. Граѓаните се вклучуваат и даваат поддршка, но сметам дека треба уште повеќе, да не биде тоа само преку пишување на социјалните мрежи, туку секој да издвои малку време и да дежура на рампата“, рече Дукоска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила