Поврзи се со нас

Македонија

Почна исплатата на паричната помош за ранливи категории граѓани

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

-Поддршката се однесува на корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците  на посебен додаток, корисниците на  правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надомест за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, велат од МТСП.

Од Министерството потенцираат дека денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надомест, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување.

Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно, 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, и од 11.526 денари  до 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. За корисниците на правото на надомест за  телесно оштетување 750 денари месечно за четири месеци.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена