Поврзи се со нас

Вести

Почна пријавувањето за бесплатна бања на пензионерите

Објавено

на

Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија го објави јавниот повик за проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“.

Пријавувањето на заинтересираните пензионери започна од 16-ти јануари, а ќе трае 15-ти февруари 2019 година. Барањата се поднесуваат во филијалите на Фондот на пензиско. Право на користење на услугата имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија на кои износот на пензијата  изнесува до 17.000 денари.

„При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе во предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава“, стои во јавниот повик.

Корисниците на пензија коишто биле на бања или на туристички викенд бесплатно изминатите години немаат право да ја користат услугата во 2019 година.

Државата за пензионерите плаќа:  6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена