Гостивар
Почна вакцинирањето против ковид во земјава

Со вакцинирање на здравствени работници, денес во Македонија отпочна процесот на имунизација против ковид 19.
„Вакцините се безбедни без разлика од кој производител доаѓаат и ова е единствен начин да се справиме со пандемијата, не само ние, туку сите земји.Посакувам успешна имунизација, направивме таква организација да кога ќе почне вакцинацијата да не запре и верувам дека ќе имаме успешен процес.“, рече министерот за здравство, Венко Филипче кој присуствуваше на аплицирањето на првите вакцини.
Во текот на денешниот ден, според најавите планирано е да се вакцинираат 260 здравствени работници. Вакцинацијата се одвива со вакцини од Фајзер, кои земјава ги доби како донација од Србија.
Вакцинирањето на првите две медицински лица се емитуваше во живо на фан страните на фејсбук на министерот и Министерството. На видеото можеше да се забележи дека сестрите кои ја аплицираа вакцината против Covid-19 носат заштитни маски, но не носеа заштитни ракавици.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила