Поврзи се со нас

Гостивар

Почнува лекувањето на болни од Ковид 19 со крвна плазма и озонотерапија

Објавено

на

Од денеска во земјава почнува третман на болните од Ковид 19 со крвна плазма и озонска терапија.

„Во болницата „8-ми Септември“ е пренесен апаратот за т.н. озонска терапија, озонирање на крвта, што е една метода која се користи за третманот на овие пациенти, пред сè за најтешките пациенти. Има публикации и искуства од други земји, врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8-ми Септември“ направи детална анализа на навистина обемна литература и заклучи дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти така што од овие денови започнува и оваа апликација. Практично станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа истата се враќа во неговата циркулација. Закажана е и првата екстракција на плазма, која исто така ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина“, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

На вчерашната редовна прес-конференција, министерот повторно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема.

„Има примери на граѓани, кои навистина се придржуваат до овие мерки, одржување на дистанца и носење на заштитна опрема за лице, маски, но има и слики по медиуми и мрежи, од граѓани, кои не се придржуваат до овие мерки. Сакам да напоменам дека е многу важно во овој период кога има зголемен број на часови дозволени за движење во текот на денот дека само со оваа мерка – носење на заштитна прекривка на устата и на носот или маска, ние може да ставиме крај на ширење на вирусот“, потенцираше Филипче.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена