Поврзи се со нас

Вести

Поднесувањето барања за финансиска помош за плати е до 30 април

Објавено

на

Барањата за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година, ќе се поднесуваат електронски преку системот е даноци, секој месец одделно, а барањата ќе се поднесуваат до 30-ти април 2021 година, информираше денес директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„УЈП веднаш, а најдоцна за 3 дена ќе одговари дали барањето е комплетно. Ако барањето е комплетно работодавачот во МПИН пресметката внесува шифра 5002 за работниците за кои побарува финансиска поддршка. По обработката на пресметката, УЈП го информира работодавачот за исполнетоста на условите и за вкупниот износ на финансиска поддршка. Обврзниците кои исплатите платата за овие месеци, може да поднесат исправки на МПИН пресметките со внесување на шифрата за финансиска поддршка, а обврзниците кои не ја исплатите платата, треба повторно да ја поднесат пресметката. По обработка на податоците УЈП ја информира Владата на РСМ за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка, заради исплата на финансиските средства најдоцна во рок од 5 дена од прифатениот образец.“, рече Лукаревска.

Директорката посочи дека условите од Законот за користење на финансиската поддршка се истите како и од претходниот Закон, односно работодавачот треба да има пад на приходите од најмалку 30%, да не се врши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност, работникот да нема остварено нето плата поголема од 39.900 денари во претходните 4-те месеци, работодавачот да не исплатува нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиската поддршка на повеќе од 10% од вкупниот број на вработени, да не користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, работникот да не е пријавен на дополнително работно време и работодавачот во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година, има остварено кумулативно акумулирани добивки пред оданочување помали од 600.000.000 денари.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена