Македонија
Поевтин роаминг: Ова се новите цени за Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора

Поевтинија роаминг услугите со земјите од регионот. Од денес, граѓаните при секое патување во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС пораки, да добиваат и примаат повици за пониски цени.
Граѓаните ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан по цена од 5,04 денари по минута (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 75,4 денари. Ќе можат да примаат повици по цена од 2,9 денари по минута (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 30,2 денари. Ќе можат да праќаат СМС пораки од било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,6 денари (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 16,1 денар. И ќе можат да користат интернет во земјите од Западен Балкан по цена од 1,9 денари (со ДДВ).
Со ова поевтинувањето не се опфатени Грција и Бугарија.
„Намалувањето на цените на услугите во роаминг, произлезе како заклучок од првиот Дигитален Самит што се одржа во Скопје, по што следуваше потпишувањето на договор помеѓу сите 6 држави на самитот во Белград. Сигурен сум дека ова ќе придонесе и за развој и олеснување на комуникцијата за тие кои редовно патуваат поради работни обврски, но и за оние граѓани кои туристички патуваат особено сега во летниот период.“, изјави министерот за информатичко општетсво, Дамјан Манчевски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите