Поврзи се со нас

Култура

Поезијата станува мост на зближување меѓу младите во Гостивар

Објавено

на

Десетина млади гостиварци беа дел од второто поетско читање „Проекции под исто небо“ кое го организира Клубот на млади поети во Гостивар, а се одржа вчеравечер. Интересот за пишаниот збор меѓу помладата генерација расте, што може да се забележи токму на настаните од ваков тип. Учесниците пред публиката се претставија со свои стихови, а во парови читаа и поезија од познати автори.

Освен што развиваат љубов и афинитет кон поезијата, младите од различни националности преку оваа активност се зближуваат, соработуваат и негуваат  мултикултура. Специјален гостин на поетското читање беше поетот Сефер Селими, кој воедно е идеен основач на Младинскиот совет на Гостивар.

„Чест ми е што ме поканија да бидам гостин на поетското читање и со задоволство прифатив. Треба да ги поттикнеме и поддржиме младите поети да продолжат да ја негуваат културата и социјалниот живот во Гостивар преку пишаниот збор. Самото име „Проекции под исто небо“ многу илустративно покажува дека ние ги делиме истите предизвици и проблеми и заеднички треба да се справуваме со нив“, изјави Селими.

Освен читање на стихови, програмата на настанот беше збогатена и со музика.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена