Гостивар
Покрената истрага против 3 лица од Гостивар и едно од Дебар за запленетите 100 килограми марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик.
По повеќемесечна предистражна постапка, на 14 декември во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и полициските службеници од ОВР Гостивар беше спроведена координирана полициска акција. Во акцијата е разбиена организирана криминална група и е пресечен канал за меѓународен транспорт и недозволена трговија со дрога. Воедно се запленети околу 100 кг наркотична дрога – марихуана во вкупна вредност од околу 300.000 евра.
„Тројцата гостиварци и едно лице од Дебар, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, набавиле наркотична дрога – марихуана и ја сместиле во објект во гостиварско. На 14 декември по претходен договор, ја предале на еден од пријавените, кој за одреден паричен надомест требало да ја транспортира дрогата со товарно возило до Р.Бугарија. Околу 17.15 часот, на патарина „Глумово“ при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, од страна на полициските службеници биле пронајдени 19 црни вреќи со 189 пакувања марихуана.“, соопшти обвинителството.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!