Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата со предупредување: До 2.000 евра казни за навредливи графити и оштетувања на јавни површини и споменици

Објавено

на

Деновиве полицијата добила повеќе пријави за испишани графити на различни објекти на гостиварското и тетовското подрачје, најчесто со политички, меѓуетнички и друга содржина. Испишувањето обично се случува во доцните вечерни часови на трафостаници, надвозници, мостови и други јавни објекти или на деловни згради, спомен-обележја и слично.   

Оттаму, Секторот за внатрешни работи Тетово  уште еднаш укажува дека  пишувањето графити и особено на графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно и на Законот за јавна чистота, како и самоволното лепење или кинење на плакати. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување или споменичното скрнавење, тоа претставува и прекршок против јавниот ред и мир, за кој е предвидена глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Доколку графитите, односно пораките предизвикуваат национална, расна или верска омраза и поттикнуваат раздор и нетрпеливост, нивните пишувачи ќе се соочат и со кривична одговорност (член 319 од Кривичниот законик).

„Поради ова, повторно апелираме до граѓаните да се воздржат од  пишување графити и оштетување на јавните објекти, како и на културните и историските споменици, зашто на тој начин не само што причинуваат одредена материјална штета, туку можат да предизвикаат и други несакани појави.“, апелираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена