Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 14/08/2019 | 19:20

Полицијата до угостителите: Без прегласна музика и точење алкохол на малолетници

Во текот на летото кафулињата, кафеаните, дискотеките во Гостивар се полни со гости, а забавата најчесто се надополнува со музика во живо.

„Граѓаните, особено тие што живеат во зградите каде на приземјата има угостителски објекти, честопати се вознемируваат од прегласна музика и врева. Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово упатува апел до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи и истовремено ги потсетува дека глобата за ваквиот вид прекршок се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.“, предупредува СВР.

Одговорните за чување на јавниот ред и мир исто така, алепираат угостителите да не дозволуваат престојување на малолетници во објектите по полноќ и да не ги послужуваат со алкохолни пијалаци. Доколку даваат алкохол на малолетници, може да бидат и кривично гонети.

Полицијата периодов ги интензивираше контролните активности во угостителските објекти.

 

Напишете коментар