Гостивар
Полицијата продолжува да ги „тресе“ јавните превозници во Гостивар – Две возила исклучени од сообраќај

По трагичната сообраќајна автобуска несреќа на 13 февруари, полицијата ги интензивираше контролите врз возилата кои вршат јавен транспорт во гостиварско.
Ккао што соопштува СВР Тетово, вчера (21 февруари) од 7 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е уште една контрола на техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Четири возила биле испратени на дополнителен технички преглед, од кои кај две била откриена неисправност на сопирачките. Технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се прекршочни платни налози, согласно Законот за возила кој предвидува парична глоба од 400 евра во денарска противвредност и поведување прекршочна постапка, доколку станува збор за правно лице, наведува полицијата.
Во текот на вчерашниот ден на гостиварското подрачје биле откриени и единаесет пречекорувања на брзината, од кои три за 50 до 70 километри на час повеќе од дозволената, а осум за 30 до 50 километри на час.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?