Гостивар
Образованието повторно отвори „војна“ меѓу општина Гостивар и Министерството

Сликата од февруари лани, се повтори и годинава – општина Гостивар остана без надлежностите во образованието. Министерството ги одзеде ингеренциите за разрешување и именување на директори во училиштата, со образложение дека биле констатирани прекршувања во законот. Огнот меѓу двете страни веднаш се разгоре и секој се обидува да си ја брани својата вистина.
„Разрешувани се директори во основните и средни училишта без постапка, именувани се директори без постапка и голем дел од нив не ги исполнувале условите пропишани со закон за да бидат директори.“, изјави министерот за образование, Арбер Адеми.
Градоначалникот Арбен Таравари, пак одлуката за одземање на ингеренциите ја оцени како политички реваншизам.
„Нема повреда на законот за да биде донесена таква одлука. Еднаш ги одземаа надлежностите девет месеци, и тоа време беше искористено од партијата на власт за да ги вратат директорите кои јас ги разрешив, значи директорите од поранешниот режим во Гостивар. За среќа во таа несреќа, тие огласи ги објавиле во два весника за да ги вратат старите директори на ДУИ, а според законот требало во три. Поради таа причина ги разреши и самиот министер, тоа е документирано. На истиот начин како што тој разреши еден директор, јас ги разрешив и другите“, вели градоначалникот.
Со свои реакции излегоа и гостиварските ограноци на ДУИ и Алијанса за Албанците. Очекувано, ДУИ во одбрана на одлуката на Министерството, Алијанса во одбрана на Таравари.
Во меѓувреме трпат учениците и наставниот кадар во училиштата во Гостивар, со оглед на честите промени на директорските места.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?