Поврзи се со нас

Македонија

Половина од граѓаните со оценка 1 за процесот на обнова на документите, анкета на Детектор

Објавено

на

Најголем дел од граѓаните му дале чиста единица на процесот на обнова на личните документи и патни исправи, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 47,1% од анкетираните рекле дека генерално процесот на промена на документите го оценуваат со најниска можна оценка 1. Оценка 5 овој процес добил само од 5,9% од анкетираните, а средната оценка изнесува 2.07.
Според граѓаните, главен виновник за лошата организација на овој процес се надлежните институции, односно неподготвеноста на државата. Само 20,6% рекле дека одговорноста ја гледаат во граѓаните бидејќи не аплицирале навремено за документи.

Еден на четири граѓани рекол дека поради проблеми со постапката на обнова на документите морал да откаже веќе планирано патување, додека 66% од анкетираните го немале овој проблем. Најголем проблем при патувањата очекувано имале граѓаните на возраст од 30 до 40 години, каде дури 36,4% од анкетираните морал да откажат патување бидејќи немале пасош. Во моментов, најмногу граѓани немаат нов пасош, а најголем е бројот на оние кои извадиле нова лична карта.
Па така, 43% од анкетираните се уште не извршиле промена на пасошот. Уште 34% чекаат за промена на лична карта и уште 33% за возачка дозвола. Над 63% од граѓаните веќе имаат нова лична карта, додека 43% имаат нов пасош и уште 43% нова возачка дозвола. Повеќе од половина од граѓаните воопшто не се обиделе да закажат за нови документи.

Според последното истражување нешто под 53% од анкетираните до сега воопшто не аплицирале, а 43% веќе се пријавиле. Две третини од граѓаните рекле дека имале тешкотии во процесот на закажување, додека ваков проблем немале нешто над 34% од анкетираните. Очекувано, најголем проблем со закажувањето имале граѓаните кои живеат во Скопје, а најмал во пелагонискиот регион.
Дури 26% од анкетираните се уште не успеале да закажат термин. Околу 31% рекле дека за закажување им биле потребни неколку дена. Околу 20% успеале да закажат термин за неколку часа а нешто над 20% за помалку од еден час. Над 80% од граѓаните кои закажале термин, тоа го сториле преку телефон, додека апликацијата на интернет ја користеле само нешто над 15%. Очекувано помладите повеќе користеле онлјан апликации но тоа не е некој голем процент имајќи предвид дека меѓу најмладите до 30 години, само 21,6% аплицирале преку веб сајтот на МВР.

Над 70% од граѓаните сметаат дека рокот кој владата го остави за промена на документите со новото уставно име согласно Преспанскиот Договор беше соодветен, додека во спротивното се убедени 23,1% од анкетираните.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 10 минути

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена