Гостивар
Положување цвеќе во Гостивар во чест на 77 години од Февруарскиот поход
Со положување на цвеќе во Гостивар денес беа одбележани 77 години од борбените операции од народноослободителната борба, познати како Февруарски поход. Настанот го организираше Сојузот на борци.
„Тој февруари 1944 година, како да се здружил со фашистите против голораките борци. Имало снежни виулици, јак студ, а борците слабо облечени, со дотраени обукви, без доволно храна, но со голема љубов и гордост чекореле напред. Во Февруарскиот поход од `44 година, учествувале 40 борци од гостиварскиот регион.“, рече во обраќањето Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци Гостивар
Неколкумина од нив го загубиле животот во борбата против окупаторот и тоа: Злате Малакоски, Васил Василески, Борче Јованоски, Крсте Гиноски, Слободан Пепоски, Светозар Спироски и Денко Дејаноски.
Присутните на денешното одбележување со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите борци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар