Поврзи се со нас

Македонија

Поројни врнежи во ноќните часови, се очекува зголемување на водостојот на реките

Објавено

на

Во ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни така што локално се очекуваат над 30 литри на метар квадратен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде на места се можни локални излевања, со посебно внимание на југоисточните делови и Струмичкиот регион.

Од УХМР посочуваат дека и кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот, а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на релите Радика, Сатеска, Треска и горниот дел од сливот на Вардар се очекуваат значително високи водостои.

Поради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде би се појавиле ваков тип на врнежи.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена