Македонија
Поскап ДДВ на сметките за струја од утре

Од утре (први јули) завршува мерката за примена на повластените стапки на ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата и ДДВ-то од 10 % се покачува на 18 %. Надлежните уверуваат дека сепак сметките за струја нема да поскапат за оние домаќинства кои трошат помалку.
„Мерките постојано се прилагодуваат на нивото на кризата и обликот на кризата во којашто се наоѓаме и цените што сакаме да ги постигнеме. Со новата методологија се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката за да се мотивира штедењето. Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа.“, кажа министерот за финансии Фатмир Бесими.
Бесими посочи дека Владата му дала препорака на АД ЕСМ да оди со пониска цена од цената на чинење и дека тоа де факто значи субвенционирање на цената на електричната енергија во оваа фаза. Дополнително, воведувањето на четири блок-тарифи, според Бесими, значи дека оние кои имаат помало ниво на трошење, имаат пониска цена така што ефектот од престанувањето на важењето на повластените стапки во некои групи ќе значи и намалување, односно во некои групи нема да има раст на цената.
„Бидејќи веќе има и нова методологија, која е воведена од страна на РКЕ, која всушност се редизајнира како што најавивме и тогаш, значи мерките постојано се прилагодуваат на нивото на кризата, и обликот на кризата во која што се наоѓаме и цените што сакаме да ги постигнеме. Со новата методологија се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката, да се мотивира штедењето. Второ, воведувањето на четири блок тарифи значи дека оние кои имаат помало ниво на трошење, имаат пониска цена“, рече Бесими.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар