Вести
„Потенцијално опасен“ – За неколку дена покрај Земјата поминува огромен астероид

Означен е како 7482 (1994 PC1), а се верува дека е околу 2,5 пати повисок од Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк или Голден Гејт во Калифорнија.
Големиот астероид се движи кон Земјата и ќе прелета покрај нашата планета на 18 јануари 2022 година, покажуваат најновите информации на Центарот за студии на НАСА.
Како што наведуваат од таму, астероидот има дијаметар од 1.052 километри и период на ротација од околу 2,6 часа.
Вселенската агенција го класифицираше како потенцијално опасен астероид поради неговата големина и релативно блиските траектории околу нашата планета.
Се очекува астероидот да помине покрај Земјата на оддалеченост од 1,98 милиони километри.
Станува збор за астероидот „Аполо“, кој во 1994 година го откри австралискиот астроном Роберт Мекнаут, пренесува National Geographic.
Овој астероид прави полн круг околу Сонцето за една година и седум месеци. Огромниот „вселенски патник“ може да се набљудува дури и со основен телескоп на секои 47 години.
Следниот пат кога ќе биде блиску до Земјата е во 2105 година. Астероидот се движи со брзина од 70.515 километри на час, а на ноќното небо ќе изгледа како ѕвезда што паѓа.
Според анализата на НАСА, оваа голема вселенска карпа нема да се судри со Земјата уште најмалку 100 години.
Во соработка со Е наука
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја