Вести
Повеќе од половина вработени со плата пониска од просечната
Околу 360 евра изнесувала просечната месечна плата во Македонија, исплатена за месец март, пресмета Државниот завод за статистика. Анализите велат дека во однос на лани истиот период, платите пораснале. Сепак од табелата во која поединечно се прикажани примањата на вработените по сектори и области, може да се забележи дека повеќе од половината имаат месечна плата која е пониска од просекот.
Стандардно највисоките плати се во воздухопловниот транспорт со сума од околу 52.000 денари, компјутерско програмирање со 49.000 денари, фармација со околу 45.000, телекомуникации и финансиски услуги со 44.000 денари, итн.
Состојбата останува непроменета и во однос на најниските плати кои постојано се бележат кај текстилните работници и кожарската индустрија со 12 до 13.000 денари.
Според ДЗС, во март плата не примиле 1,3% од вработените во земјава.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди