Вести
Од што најчесто умираат гостиварци?
Како водечки причини за смртноста меѓу населението во гостиварскиот регион, децении наназад се срцевите заболувања и мозочните удари. Статистиката покажува дека над 60% од починатите настрадале поради здравствени проблеми на циркулаторниот систем, најчесто од инфаркти и излив во мозокот.
Во главни фактори за појавата на овие заболувања лекарите ги вбројуваат физичката неактивност и нездравиот начин на исхрана, пушењето на цигари, консумирањето алкохол. Превентивата е неопходна и може да значи спасување на живот. Проценките покажуваат дека најмалку 80 проценти од сите срцевите болести, може да се спречат со редовна посета на лекар. Но праксата покажува дека најголем број од случаите долго време остануваат недијагностицирани и кога ќе се појават првите манифестации тие се во вид на ургентни состојби, срцев инфаркт или мозочен удар. Ваквите манифестации настапуваат неочекувано и брзо и голем број на случаи завршуваат со фатален исход пред воопшто да има шанса лекарите да реагираат.
Во светот кардиоваскуларните болести секоја година се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт.
На листата меѓу останатите најчести причини за смртност во регионот се карциномот, болестите на респираторниот систем и ендокрините заболувања. Анализите покажуваат дека има значителен број на смртни случаи како последица на повреди, сообраќајни несреќи, убиства и самоубиства.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди