Поврзи се со нас

Гостивар

Повозрасните гостиварци немаат интерес за актиковид вакцина

Објавено

на

Мал е бројот на граѓани над 70 години од гостиварскиот регион кои пројавиле интерес и се пријавиле за вакцинација против ковид. Од вкупно 6.000 евидентирани во системот Мој термин, пријавени се само 1.500. При денешната посета на Гостивар, министерот за здравство Венко Филипче упати апел матичните лекари да ја пријавуваат за имунизаицја оваа категорија пациенти, кои по приоритет за вакцина се после медицинскиот персонал.

„Од Гостивар преку сајтот vakcinacija.mk и преку матичните лекари се пријавени навистина малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години. Прво апелирам матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за првата следна приоритетна група и да ги внесуваат податоците  во системот Мој термин, зашто тие ќе бидат вакцинирани веднаш после лекарите и медицинските сестри од Гостивар.“, рече министерот.

Првата група од 40 здравствени работиници од Гостивар примија вакцина против ковид во четвртокот.

„Се работи за здравствени работници кои директно се тангирани со ковид пациенти, значи лекари и сестри од инфективното одделение, лаборанти и рентген технолози. Сега ги чекаме натамошните насоки од Министерството за здравство, како ќе бидеме ставени во календарот за вакцинација“, рече  Јакуп Јакупи, директор на болницата во Гостивар

Министерството за здравство ќе прави кампања со која цели да го зголеми интересот за антикорона вакцинација.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена