Поврзи се со нас

Гостивар

Предавања за мерки против корона и дополнителни количини средства за хигиена во училиштата во Гостивар

Објавено

на

По појавата на првиот случај на заразен со коронавирус во земјава, во училиштата на територијата на Гостивар, деновиве се зголемува нивото на превентивни мерки против ширење на вируси.

Училишните управи согласно препораките коишто ги добиле од Министерството за образование, организираат едукативни часови и предавања за учениците, поставуваат флаери со информации за мерките на заштита и слично. Општина Гостивар обезбеди дополнители количини на течен сапун и други средства за хигиена, кои во текот на денот се дистрибуираа до школите.

„Во сите училници поставени се флаери со информации кои мерки учениците треба да ги преземат, за заштита од вируси. Се` е добро и сликовито објаснето, и наставниците исто така им ги пренесуваат советите. Сепак, елементарното во одржувањето на хигиената треба да дојде од домот, од родителите. Ние како училиште, можеме само да ги надоградиме тие навики. Што се однесува до средства за хигиена, се распоредуваат течни сапуни да има во сите училници.“, рече Шпреса Усеини, директор на ОУ „Исмаил Ќемали“ Гостивар.

Во средното економско училиште во Гостивар денес бил одржан едукативен час, за средношколците подобро да се запознаат со начините на пренесување и превенцијата од коронавирус. За време на зимскиот распуст била извршена и целосна дезинфекција на објектот.

„Училиштето тековно набавува средства за хигиена, но сега бидејќи има потреба од поголема количина, Општина Гостивар обезбеди дополнителни количини течен сапун, средства за дезинфекција, тоалетна хартија. Сакам да напоменам дека, во законски рамки училиштето спроведува целосна дезинфекција еднаш во шест месеци, а последната дезинфекција ја направивме  на 17 јануари, што значи позитивно во однос на одржувањето на хигиената“, изјави Тони Ефремоски, директор на економско училиште во Гостивар

Од училиштата во Гостивар велат дека немаат забележано помасовни отсуства на ученици од вообичаеното во овој период од годината, ако се земе предвид дека е сезона на грип и настинки.

Согласно препораките на Министерството за образование, класните раководители вршат анкетни проверки дали некој од учениците престојувал во подрачја каде има заразени со корона.  

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена