Вести
Предавање за сообраќајна безбедност во медицинското училиште во Гостивар
Полициски службеници денес одржаа предавање пред средношколците од гостиварското медицинско училиште, врзано со сообраќајната безбедност и ризиците. Беа опфатени две теми „Безбедно управување со мопед“ и „Не седнувај зад волан без положен возачки испит“. Предавањата се организираат во рамки на превентивно-едукативен проект кој го реализира Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово и е наменет за учениците од прва година.
Учениците имаа можност да се информираат за сите поединости во врска со безбедното возење на мотори и управувањето на возила без дозвола. Полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај ги запознаа со ризиците и опасностите, а исто така и со законските санкции во случаи кога не си почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„Ваквите предавања кои ги организира полицијата се добредојдени, затоа што невниманието на учениците во сообраќајот може да доведе до сериозни последици“, рече директорот на медицинското училиште, Агрон Алили.
Целта на проектот е подигнување на сообраќајната свест и култура на младите за да се превенираат сообраќајни несреќи. Вчера предавања на истата тема се одржаа во гостиварското техничко училиште.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди