Поврзи се со нас

Вести

Нова препирка на Алијанса и ДУИ во Гостивар, овој пат за огласи за вработување

Објавено

на

Продолжуваат политичките препирки меѓу Алијанса за Албанците и ДУИ во Гостивар. Темата, овој пат, се распишаните огласи за ангажирање на професори и педагог на определено време во гостиварското средно медицинско училиште.

Алијанса реагираше дека се кршат законите со објавување на оглас за вработување за места за кои веќе има ангажирано кадар. „Во средното медицинско училиште, директорот Агрон Алили, на 23.04.2018 објави оглас за работни места на определено време до 31.08.2018 година. Станува збор за истите работни места на кои претходно беа ангажирани професори и педагогот на училиштето, со договор од 18.01 до 31.08.2018 година. Директорот објавува конкурс без да има итна потреба или недостиг на кадри, и тоа за места за кои има ангажирани наставници. Тоа го прави како политички реваншизам, што сериозно го поткопува квалитетот на наставниот процес и правата на работникот кој е во работен однос“, наведуваат од Алијансата.

Директорот пак на медицинското училиште, Агрон Алили вели дека отворањето на огласот е согласно законските процедури. „Согласно Законот за средно образование, засновањето на работен однос на определено време без јавен оглас, не смее да трае повеќе од три месеци во текот на учебната година. Во училиштето има такви вработени кои имаат склучени договори повеќе од три месеци, што значи дека по добиена согласност од Министерството за образование, сме постапиле така како што треба. Објавен е оглас, кој трае до 1-ви мај. Секако на огласот може да си конкурираат и истите професори“, објаснува Алили.

Ова е само една од низата јавни кавги на политичките противници во Гостивар, кои особено се разгоруваат во областа на образованието откако Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Таравари и во дел од училиштата се вратија старите директори на претходната општинска власт.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена