Поврзи се со нас

Вести

Преполна сала и силни аплаузи на завршниот концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Објавено

на

Градското аматерско културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ денес на сцената на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар го одржа завршниот годишен концерт. На програмата се најдоа повеќе сплетови на ора и песни Беранче, Водарки, Тресеница, во изведба на фолклорните групи од сите возрасти.

Секцијата за детски фолклор во друштвото ја раководат Анѓела Фичуроска и Моника Мерџаноска, додека фолклорната секција, Предраг Ристески. Оркестарот пак е под водство на Анѓел Анѓелкоски.

На концертот солистички настап имаа и членовите на друштвото Перо Пандилоски и Славко Зафировски.

Гостиварското културно уметничко друштво ги бележи своите почетоци уште пред Втората светска војна, кога неколку гостиварци под името Шивачки се собрале за да ги негуваат традиционалните вредности и градските навики. Првиот официјален настап на друштвото датира од 1950-та година, а се одржал во старата гостиварска Соколана.

На денешниот завршен концерт, во преполната сала во Центарот за култура членовите на друштвото беа наградени со голем аплауз од публиката.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена