Поврзи се со нас

Гостивар

Од Гостивар испратени пораки за соживот, еднаквост и разбирање

Објавено

на

Во рамки на одбележувањето на неделата на  Промоција на хумани вредности на Црвениот Крст, во Гостивар беше организирано дефиле и испраќање на пораки за соживот, еднаквост и толеранција. Во настанот, покрај организаторите од Црвениот Крст учествуваа граѓани, ученици и децата кои го посетуваат Дневниот Центар за лица со посебни потреби. Дефилето започна токму од оваа установа, а заврши во Амфитеатарот во паркот, кадешто беа упатени пораките.

„Целта е да испратиме кратка, но јасна порака дека сите сме исти на ова парче земја и дека не` грее исто Сонце. Сакаме да придонесеме за градење на едно друго општество, кадешто ќе нема предрасуди кон никого, заради бојата на кожата, попречености и слично“, рече Горан Михајлоски, од Општинската организација на Црвениот Крст-Гостивар.

Симона Јанакиеска, волонтер во организацијата во својот реферат нагласи дека Гостивар е град кој спојува многу националности и е пример за соживот.

„Сите сме свесни дека постојат проблеми, за коишто единственото решение е преку заедничко дејствување или пак толеранцијата која треба да ја поседува секој од нас. Сечиј живот е важен, и секој претставува нешто за нечиј живот. Секој има исти права, и поркај тоа што потребите и желбите ни се различни“, рече Јанакиеска.  

Програмата Промоција на хумани вредности служи како алатка за поттикнување и  задржување на волонтери. Младите посетуваат обуки за вредностите на Црвениот крст,  за културниот дијалог, градењето на интеркултурно општество, а се стекнуваат со практични знаења за изработка на мали проекти што се за добробит на заедницата во којашто живеат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 3 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 6 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 6 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 8 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 18 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена