Поврзи се со нас

Вести

Прес на ДУИ: Таравари дозволува негови роднини да градат куќа на место предвидено за спортски терен

Објавено

на

Гостиварскиот огранок на ДУИ денес на прес конференција упати обвинувања кон општинската власт и градоначалникот Арбен Таравари, посочувајќи дека создава урбанистички хаос и дозволува никнување на дивоградби.

„Овие денови, жителите на осмата зона во Гостивар ја изразија нивната длабока загриженост за дивоградбата која се гради на простор кој според Генералниот урбанистички план, како и Деталниот урбанистички план (Блок 24), се предвидени спортски терени. Жителите ја изразуваат нивната загриженост дека се бетонираат површините за спорт и рекреација со објект за живеење кој може да го сретнете и како реклама на социјалните мрежи од фирмата изведувач, која  е во сопственост на близок роднина на Таравари. Со непреземањето на законски инспекциски мерки на терен, подразбираме дека Таравари го поддржува и охрабрува урбанистичкиот хаос“, рече Башким Хасани, потпретседател на огранокот на ДУИ во Гостивар.

Хасани преку медиумите го повика градоначалникот да почне да работи и како што рече да го прекине годишниот одмор започнат од денот кога е избран за градоначалник.

„Го повикуваме Арбен Таравари да го прекине годишниот одмор започнат од денот кога е избран за градоначалник, да го прекине летниот одмор започнат со започнувањето на летото и да го прекине неговиот ангажман како лекар спротивно на сите етички, морални и законски  норми, и да почне да ја извршува должноста за која е избран. Ја користиме оваа прилика на печалбарите кои одморите ги поминаа во родниот крај да им посакаме среќен пат. Истовремено жалиме затоа што за време на нивниот престој во родниот град  се соочија со руинирани патишта, отежнат собраќај, недостиг на паркинг места, недостаток на вода, јавно осветлување, присуство на кучиња скитници и ѓубре насекаде.“, изјави потпретседателот на огранокот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена