Македонија
Пријавување на пензионерите за бесплатна бања до 16 февруари
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија најави дека и годинава продолжува со реализација на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“.
Пријавувањето на заинтересираните пензионери започнува од 15-ти јануари, а ќе трае 16-ти февруари 2018 година. Барањата се поднесуваат во филијалите на Фондот на пензиско. Право на користење на услугата имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.
„За разлика од претходните години, во 2018 година се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември 2017 година изнесува до 17.000 денари. При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе во предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава“, известуваат од Министерството.
Корисниците на пензија коишто биле на бања или на туристички викенд бесплатно изминатите немаат право да ја користат услугата во 2018 година.
Државата за пензионерите плаќа: 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз.
За овој проект во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година се обезбедени финансиски средства во висина од 35 милиони денари, и 3.000.000 денари за превоз.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ