Гостивар
Притвор за трите лица уапсени во атар на Врапчиште со хероин

Денеска попладне судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар им определил мерка притвор од 30 дена на трите лица кај кои полицијата пронајде хероин. 39 годишник од гостиварска Долна Бањица, 38-годишна гостиварка и 52 годишен жител од Врапчиште се сомничат за кривично дело”неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик. Кривичната пријава ја СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.
Тројцата вчера (10 мај) околу 15 часот и 30 минути биле лишени од слобода во атарот на Врапчиште. При нивен и преглед на возилото” опел вектра” со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин. Тројцата осомничени ќе бидат спроведени во Казнено-поправната установа Затвор”Скопје” во Скопје за издржување на притворот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград