Македонија
Привршува учебната година – колку се плаќа за оштетен или изгубен учебник?
Пред крајот на учебната година, учениците треба да ги вратат учебниците кои ги добија бесплатно на користење. Децата се должни да ги чуваат и доколку се случи некој учебник да биде оштетен или изгубен, родителот треба да ја плати штетата.
На веб страната на Министерството за образование има ценовник за оштетени учебници во кој е наведена точната сума за невратен или искинат учебник. Сумите се различни. На пример: за учебник по техничко образование за 4-ти одделение цената е 29 денари, по музичко 40, по македонски јазик за 6-то одделение 126 денари, по албански јазик исто така за 6-то одделение 73 денари, по природни науки за 5-то одделение 663 итн.
Правилата се такви, но во пракса се покажа дека учебниците воопшто не се чуваат, во училиштата не се прават целосни контроли, кој какви учебници враќа. Во голем дел од примерите, наредните генерации добиваат искинати учебници во кои недостигаат цели лекции.
Училиштата преку Министерството за образование добиваат одреден број нови учебници како замена за некои што се неупотребливи, но тоа покрива само мал дел од потребите за децата.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград