Гостивар
Промоција на „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“, монографија од Киро Кипроски

Во рамки на одбележувањето на манастирската слава, во Бигорскиот манастир вчера беше промовирана монографијата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“ од гостиварецот Киро Кипроски, доајен на македонското новинарство.
„Овие умствени писателски и новинарски творби на нашиот особен пријател и соработник, награден со почесниот бигорски орден „Претеча“, најпосле се собрани на едно место, во овој прекрасен зборник, со наслов што пренесува моќна порака: „Иконата на Бистра – закрилник на Православието“. Оваа книга, всушност, претставува своевиден современ летопис на Бигорскиот Манастир за последните триесетина години, време преисполнето со настани и дејствија, дотолку повеќе што во тој период се паѓа возобновата на монашкиот живот и на Обителта воопшто. Сите позначајни манастирски случувања се умешно фактографирани од г. Кипроски, така што оваа негова книга е навистина своеобразна литерарна „Икона“ на Бигорската Обител за изминатите дваесет и пет години, колку што е старо и возобновеното монаштво во неа. „Иконата на Бистра“ излегува во годината кога Бигорски го слави своето илјадалетие и тоа не е случајно. Затоа што ова дело и неговиот автор со златни букви се впишуваат во оваа милениумска опстојба, како едни од најплодните дрвја од летописната градина на историјата.“, вели во предговорот на книгата, Игуменот на Бигорски, Отец Партениј.
За монографијата како промотори на настанот зборуваа јеромонах Кирил Бигорски, уредник на изданието, и Марјан Велевски, новинар и уредник на „Нова Македонија“, а предприсутните се обрати и авторот на делото Кипроски.
Промоцијата беше збогатена со настап на хорот на Бигорскиот Манастир.
извор и фото:Бигорски манастир
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава