Поврзи се со нас

Македонија

Промоција на природна убавина – Интегрирани туристички понуди во Брегалничкиот регион

Објавено

на

Интегрираните туристички понуди во Брегалничкиот регион се производ на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем од Скопје.

По прогласувањето на дел од Осоговските планини (2020) и Малешево (2021) за заштитени подрачја, регионот добива нова можност за развој во насока на подобрување на социо-економските услови за живот, во хармонија со природата.

Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамки на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување на нови како и подобрување на постоечките содржини кои се нудат. Заедно со тур операторите Balkan Prime Tours и Mountain experience беа поддржани 8 различни даватели на услуги од областа на туризам кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината.

Заштитените подрачја и нивната околина треба да се развиваат во насока на одржливо користење на природата, зачувување на локалните традиционални обичаи и начин на живот, промоција на убавините кои ги имаат и мотивација за населението кое живее таму да престане да ги следи трендовите на миграција кон урбаните средини или надвор од државата.

Поддржаните иницијативи вклучуваат: работилница за рачно изработен сапун од природни состојки во Мојот сапун, посета и престој во Едукативен центар за зачувување на природата во Негрево, ранч за коњи и терапија со животни Countryside retreat, дегустација и престој на овчарска фарма Агро Чука, часови по традиционална музика во етно-културен центар Алачки во Владимирово, планински велосипедизам на Осогово и Малешево преку здружение на граѓани за развој на заедницата од Берово и хотел Градче и апитерапија на пчеларска фарма Кладенче.

Повеќе од 10 години, Владата на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата помага за одржлив развој на Брегалничкиот регион преку спроведување на низа активности поврзани со зачувување и промоција на биолошката разновидност. Повеќе информации за проектот може да се најдат на http://www.bregalnica-ncp.mk/dokumenti/

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 46 минути

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 2 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 2 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 4 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 4 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 5 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 8 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 10 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 21 час

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена