Поврзи се со нас

Гостивар

Промовирана книгата на гостиварецот Метин Мехмеди посветена на лицата со посебни потреби

Објавено

на

    „Посебен свет“ е насловот на книгата на гостиварскиот автор Метин Мехмеди, која викендов беше промовирана во просториите на меѓународниот универзитет „Визион“. Авторот вели дека мотивот да се напише книгата била да се стави на хартија она што луѓето со посебни потреби го доживуваат во секојдневниот живот, со оглед дека и тој, како лице со оштетен вид, припаѓа на таков свет.

    „Оваа книга ја напишав и ја посветувам на лица со посебни потреби. Всушност, книгата почнав да ја пишувам за време на пандемијата со коронавирус, кога секоја тешкотија беше многу поголема, отколку вообичано. Нема да откривам повеќе, останува читателите да ги увидат предизвиците и проблемите со кои се соочуваме во секојдневниот живот, но и силата што не‘ карактеризира во совладувањето на секоја тешкотија. Посебна благодарност до градоначалникот на општина Гостивар кој се согласи да ја поддржи книгата до универзитетот Визион, кадешто ги завршив студиите, како и до Бесим Латифи кој ја спонзорираше дел од книгата. Им благодарам на моите родители кои ми помогнаа да ја напишам книгата и да го остварам мојот сон“, рече писателот.

    На настанот во знак на почит на авторот беа и претставниците на општина Гостивар, Аслиан Снопче и Фетије Хајрули, како и општинскиот советник Џеват Фејзули – активист за заштита на правата на лицата со попреченост.

    „Задоволсто е и за нас како град што имаме ваков амбизиозен дечко, толку работник и што универзитетот Висион да го има како студент и сите ние како граѓани ја имаме таа среќа Метин да го имаме еден одличен студент и еден дечко со големи амбции кој денес ја промовира неговата прва книга што јас како претставник на општината ветувам дека ова книга ке го има и во школските библиотеки каде што Метин ке биде модел на иднината и на младите”

    Пред присутните поздравен говор имаше ректорот на Универзитетот „Визион“, Фадил Хоџа. Тој рече дека задоволството е двојно што нивниот поранешен студент денеска се враќа на универзитетот, овојпат за да ја промовира својата прва книга. Тој рече дека ова го смета за успех на универзитетот:

    „Метин Мехмеди, кој беше наш студент 4 години, тука се стекна со знаење, тука израсна и конечно успеа да објави книга. Затоа, секое достигнување на нашите ученици е и наше достигнување. книгата се вика Посебни светови, бидејќи и текстот е посебен. Иако учествувавме на многу промоции на книги надвор од нашиот универзитет, денес за прв пат промовираме книга на нашиот универзитет.“, изјави ректорот на меѓународниот универзитет Визипон, Фадил Хоџа.

    Со охрабрувачки зборови за својот ученик зборуваше и професорката Хава Шабани

    „Задоволство е што сме тука, затоа што потекнуваме од исто село и се познаваме долго време. Запознаена сум со книгата што почна да ја пишува уште кога беше студент и многу сум среќен што денес ја даде ми можност да бидам во промоција на еден. Сакам да истакнам дека се чувствувам многу горда. Она што сакам да го напоменам е дека тоа е гордост за мене како професор, за универзитетот и за моето семејство, за селото Бањица и за нашето општество. Ви предлагам сите да ја прочитате оваа книга бидејќи може да ви послужи да го запознаете светот на текстот и другите како него, но ќе ви послужи и како мотив секогаш кога ќе кажете дека не можете да успеете во нешто“, рече меѓу другото, Шабани.

    На промоцијата младиот гостиварец доби многу жеблби да биде успешен и во книжавноста и воопшто во животот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена