Поврзи се со нас

Гостивар

Промовирана песната со која Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Детски Евросонг

Објавено

на

Песната „Кажи ми, кажи ми кој” (Tell me who) со која гостиварката Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ница, Франција беше промовирана попладнево. Како автор на музиката се потпишува Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, додека текстот е заеднички на Билбилов и Коста Петров. Видео записот е во режија на Огнен Шапковски.

Јуниорскиот Евросонг во Ница ќе се одржи на 26-ти ноември, а гостиварката беше избрана за наш претставник во мај на аудиција.

„Голема благодарност до Македонската-радио телевизија, Роберт Билбилов и Дарко Димитров за прекрасната песна, благодарност до Огнен Шапковски за уникатниот спот и сите останати кои неуморно работеа и сѐ уште работат за македонското претставување во Ница!“, вели Тамара.

За младата талентирана гостиварка при изборот организаторите подвлекоа: „Првите почетоци во светот на музиката Тамара ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кои ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари.“.

Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“ – Гостивар во седмо одделение и во Основното музичко училиште „Тодор Скаловски“-Тетово отсек „соло пеење“.

Песната „Кажи ми, кажи ми кој” (Tell me who) и спотот се достапни онлајн на официјалната јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена