Поврзи се со нас

Гостивар

Ден во гимназија Гостивар посветен на храната, хуманоста, дружењето…

Објавено

на

Средношколците од гимназијата во Гостивар дел од овој ден го исполнија со подготовка, декорирање и послужување на храна, меѓусебно дружење и негување на хумани вредности. Во салата на училиштето се одржа посебен настан при што на штандови беа изложени разни видови на храна, традиционални специјалитети, овошје и зеленчук, десерти, природно подготвени сокови и слично. Активностите се организираа по повод 16-ти октомври, Светскиот ден на храната.

„Професорите и учениците се потрудија ова да биде навистина еден многу добар настан. Сите паралелки, без оглед на наставниот јазик се овде и заедно учествуваат, што е убава прилика да се дружат и меѓусебно да се запознаат. Подготовките течеа околу една недела и од сето тоа излезе убав настан, учениците имаат можност да научат нешто за традиционалните специјалитети, како и за здравата храна“, рече директорот на училиштето, Мирсад Исеини.

Освен средношколците и професорите, на настанот присуствуваа и претставници од општинскиот Сектор за образование.

„Ваквите настани секако се за поздравување, и освен што имаат за цел да ги вклучат учениците во подготовка на храната, имаат и хуманитарен карактер, па така собраните средства од донации ќе бидат наменети во хуманитарни цели, кадешто е потребно.“, рече раководителката на Секторот, Аслијан Снопче.

Светскиот ден на храната го предводи Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации и акцентот се става на ублажување на неухранетоста и крај на гладта со која се соочуваат над 820 милиони луѓе ширум светот секојдневно.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена