Поврзи се со нас

Гостивар

Промовирано Здружение за поддршка на деца со аутизам во Гостивар

Објавено

на

Семејствата од гостиварското подрачје коишто имаат деца со аутизам, отсега со заеднички сили ќе се справуваат со предизвиците и проблемите. Борбата за поголема поддршка и вклученост, ќе ја водат преку новоформираното Здружение на лица со аутизам наречено „Blue puzzle“. Целите, работата и плановите на Здружението беа промовирани на посебен настан што се одржа во општинската сала.

„Здружението е формирано од родители на деца со аутизам, со цел заедно да се бориме за подобар стандард и поголема институционална помош“, рече Валон Емини, претседател на Здружението.

На настанот се обрати и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Како општина целосно ја даваме својата поддршка на родителите и децата. Работиме во насока на обезбедување на посебен Центар за децата со аутизам и посебни потеби, кој е планирано да биде отворен во поранешните простории на „Јахја Ќемал““, изјави градоначалникот.

Здружението ќе организира и работилници и обуки наменети за родителите. „Раното препознавање и дијагностицирање на аутизмот е многу важно за правилно да му се помогне на детето. Во таа насока, нагласуваме дека мора да се надминат предрасудите и срамот и сите сили да се насочат за доброто на дечињата“, рече Милена Велјаноска, дефектолог, соработник на Здружението.

Прецизна статистика за состојбата со аутизмот во Гостивар за сега не постои, но претпоставките се дека има околу 200 деца со аутистичен спектар на нарушувања.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 32 минути

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 4 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 13 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 20 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 22 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена