Македонија
Пронајдени 30 килограми марихуана во возило на патот Дебар-Маврово
Вчеравечер околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, во автомобил „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управуван од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново, полициски службеници пронашле и одзеле три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. МВР информира дека Ќ.М. бил приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени биле и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45).
По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар