Поврзи се со нас

Македонија

Протест на новинарите: Не ми се ќути!

Објавено

на

    „Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите”, „Новинарството на удар, ние сме обединети”, „Модуларно судство”, „Цензори во име на моќниците” , „Не ми се ќути“ и „Осудени за вистината” се дел од паролите со кои денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје новинарите одржаа протест поради пресудата за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Протестот е организиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

    Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.

    -Бараме со голема сериозност да се земаат во предвид одлуките на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и одлуките на Советот на честа во насока на кредибилитетот и интегритетот на новинарите и медиумските работници во државата, додаде Настеска Каланоска.

    Како што потенцираше, постои можност за организирање на обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите.

    Новинарот Сеад Ризвановиќ на протестот изјави дека не може некој во државата да оценува дали се новинари или не. Како што рече, станува збор за скандалозна одлука на судиката и на судот.

    -Сите ние сме ИРЛ, сите ние сме Сашка Цветковска, ова се работи за сите нас. Скандалозна одлука на судиката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува повторно пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото.. Гледаат ли дека не можат да ја победат слободната мисла, не можат да го победат слободниот говор, порача Ризвановиќ.

    Како што рече, целта е да ги замолчат и да не истражуваат. Но, посочи, тоа нема да им успее.

    -Ние зборуваме во име на граѓаните, во име на луѓето. Ние сме гласот на народот, кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да не забранат нас, ги забрануваат граѓаните, додаде Ризвановиќ.

    Новинарот Горан Теменугов на протестот порача дека истражувачото новинарство е многу значајно, а судиите треба да си ја знаат работата.

    -Проблемот е што некој сака да не дефинира, да не озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните, додаде Теменугов.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 50 минути

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 6 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 21 час

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена