Поврзи се со нас

Гостивар

Протест на вработени во болницата во Гостивар: Бараме да бидеме почитувани како здравствени работници!

Објавено

на

Вработени во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, членови на Независниот синдикат на здравствени работници, утрово излегоа на полчасовен протест. Порачаа дека треба да бидат почитувани во општетсвото и добро платени.

„Се собравме по повод Меѓународниот ден на здравјето. На сите граѓани им посакуваме добро здравје, нормално, добро здравје на граѓаните, помалку обврски за нас. Со овој протест сакаме да им порачаме на функционерите, на идната Влада, да знаат дека ние здравствените работници треба да бидеме почитувани. За да имаме квалитетно здравство, треба да имаме современи апаратура, квалитетни обуки и што е најважно, добро платени здравствени работници. Ние како здравствени работници бараме да бидеме почитувани во општеството.“, изјави Ивица Билбилоски, заменик претседател на Независниот синдикат на здравствени работници во гостиварската болница.

Како што информираше Билбилоски, нивниот синдикат во болницата во Гостивар брои 220 члена, додека на државно ниво имаат околу 2.000.

Медицинари денес протестираа и во Скопје, пред Министерството за здравство, во знак на незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена