Поврзи се со нас

Гостивар

Протест во Гостивар: Имаме право на чист воздух, да се преземат мерки против загадувањето веднаш!

Објавено

на

Со пораки за чист воздух, барања за дислокација на индустриските загадувачи и формирање регистар на фирми кои загадуваат, денес во Гостивар се одржа протест против загадувањето на воздухот.

Настанот го организираше Здружението ГвЕко, од каде потенцираа дека централната и локалната власт мора да преземат мерки за да го сопрат аерозагадувањето.

„И локалната и централната власт се свесни дека загадување постои и крајно време е да ги преземат законските мерки против загадувачите. Ние бараме дислокација на големите индустриски загадувачи, на 15 километри надвор од градот, во спротивно нека се затворат. Тие го трујат воздухот. Исто така, она што е многу важно е да се направи регистар на загадувачи, точно да се знае какви супстанци се испуштаат во воздухот и како тоа влијае врз луѓето. Сметам дека Министерството за животна средина намерно не прави официјален регистар за да не се знаат ваквите податоци во јавноста.“, изјави претседателот на здружението Ахмет Салмани.

Екологистите нагласија дека сите истражувања докажуваат дека загадениот воздух е тивок убиец и е причина за болести на респираторниот систем, ризик фактор за појава на карцином и многу други.

Селмани побара од властите да покажат добра волја со што проблемот на загадувањето би можел да почне да се решава веднаш.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена