Поврзи се со нас

Македонија

Проверете си го мејлот, УЈП почнува со испраќање на даночните пријави

Објавено

на

Од денес, први април Управата за јавни приходи, започнува со доставување на претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во 2018 година.

Оваа постапка е нова и се воведува од годинава. Како конкретно ќе се одвива и што да очекуваат граѓаните?

Во текот на месецот, граѓаните треба да добијат нотификација на мејл адресата за доставена претпополнета пријава на нивниот профил во електронскиот систем на даноци. Потоа, најдоцна до 31 мај треба да ја потврдат пријавата или да извршат корекции.

„Комуникацијата помеѓу регистрираните физички лица кои се регистрирани на системот е-персонален данок и Управата за јавни приходи ќе се одвива преку електронски пат и граѓаните нема да имаат потреба да одат на даночните шалтери. Граѓаните ќе имаат можност за увид во податоците коишто се наведени во претпополнетата пријава, со цел да ги потврдат или коригираат податоците.  Даночниот обврзник својот одговор во смисла на корекции или потврда ќе може да го испрати преку електронски пат“, објаснуваат од УЈП.

Доколку граѓаните не испратат возвратен мејл до УЈП, ќе се смета дека пополнетата годишна даночна пријава е потврдена.

Во случај на заборавена лозинка за влез во системот е-ПДД, граѓаните ќе можат да се обратат во контакт центарот на УЈП од каде ќе добијат нова лозинка со којашто ќе може да го користат системот.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена