Спорт
Прва победа за КК Гостивар, надиграна екипата на Куманово 85-72
КК Гостивар го забележа првиот триумф сезонава во кошаркаската лига на Македонија откако вечерва во Младост пред 400 гледачи, ја совлада екипата на Куманово со 85-72.

Избраниците на Александар Јончевски одиграа одличен меч не препуштајќи ништо на случајноста, го отворија натпреварот со 12-2, гостите до крајот на првиот период успеаа резултатски да се вратат во игра намалувајќи ја разликата на 28-24. И во вториот период продолжи офанзивата на гостиварци, добивајќи го периодот со 24-14, на полувреме се замина со резулатат 52-38.
Вториот дел започна со дефанзивно борбена игра на двете страни што резултираше со ниска ефикасност, периодот заврши 15-15, последните 10 минути им припадна на гостите 18-19, но прикажаното беше недоволно за кумановци, но доволно за гостиварци да ја запишат првата победа сезонава. Натпреварот заврши 85-72.
Србинот Тодоровиќ беше најрасположен на натпреварот постигнувајќи 23 поени, Ворку со 20 поени, 7 скокови и 5 асистенции беше најкорисен играч. Силаџи запиша 12, Ефремовски 12, Мејш 10, Ре.Димитриевски 3, Лефковски и Јанески по 2 поени.
Кај гостите Јосеф беше најефикасен со 15, Зивчевиќ и Настевски постигнаа по 13 поени. Во следното коло КК Гостивар му гостува на МЗТ 2.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие