Македонија
Првачиња, сипаници, уписи, вакцини!

Две недели по почетокот на упис на ученици во прво одделение, нема кој да пресече: да или не – за запишување на првачиња кои не примиле вакцина против МРП. Надлежните Министерства, до сега не можеа целосно да ги усогласат ставовите. Епидемија на морбили е прогласена на ниво на целата држава пред еден месец.
„Невакцинирањето на децата доведе до оваа ситуација. Нема да отстапиме да се примаат само вакцинирани деца“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Законите одредуваат дека основното образование е задолжително и е право на сите деца, но законски е определена и заштитата од заразни болести.
„Една од опциите која се разгледува е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат или на почеток на септември да има теренска вакцинација за сите кои следат редовен образоване процес, а не се вакцинирани.“, изјави министерот за образование, Арбер Адеми.
Темата: првачиња, уписи, вакцини ќе се дискутира на седница на Владата.
Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во земјава има 1.393 случаи на мали сипаници. Според место на постојано живеење, 837 случаи се од Скопје, Куманово – 160, Тетово – 118, Струга – 81, Кичево – 39, Гостивар – 36, Велес -31, Гевгелија -19, Дебар – 18, Охрид – 16, а во останатите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар