Гостивар
Први случаи на заразени со грип во Гостивар сезонава

Во гостиварскиот регион регистрирани се првите заразени пациенти со грип оваа сезона. Според податоците во извештајот на Институтот за јавно здравје, во периодот од 19 до 25 октомври пријавени се два случаи на грип од Гостивар.
Во истиот период, вкупно во земјава се евидентираат 30 заболени од кои најголемиот дел, односно 23 се од Дебар. Во однос на возрасната дистрибуција, најмногу, дури 14 лица се деца, од возрасната група од 0-4 години.
Во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени од грип во Македонија изнесува 74, што е 17 повеќе во споредба со истиот период минатата година кога биле регистрирани 57 заболени лица, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
На ниво на Европа се проценува дека активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво.
„Пандемијата (КОВИД-19) има негативно влијание врз здравствениот систем и капацитетите за тестирање на земјите во регионот што (намалено пријавување на епидемиолошки и вирусолошки податоци за грип). Затоа, презентираните податоци мора да се толкуваат со претпазливост.“, пишува во извештајот за грип.
Вакцинацијата против вирусот на грип во Македонија се уште не е започната.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче