Поврзи се со нас

Македонија

Првите огласи од државните мерки за вработување на 5 април

Објавено

на

За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година обезбедени се милијарда и 800 милиони денари или околу 30 милиони евра, што е за пет милиони евра повеќе од лани. Со планот ќе бидат опфатени 14 685 невработени лица, со посебен акцент на младите невработени лица до 29 години, долго невработените лица, како и корисниците на гарантирана минимална помош. Првите огласи за мерките ќе бидат објавени на 5 април.

-Целта на ОП е различните ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, корисници на гаранатирана минимална помош и лица кои што ја изгубиле работата поради корона кризата подобро и полесно да пристапат на пазарот на труд, рече на презентацијата на Оперативниот план министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа информира дека за дел од активните мерки бил проширен опфатот на корисници од ранливите категории, а првпат во соработка со УНДП се имплементира и мерката за поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции.

 -Зелените инвестиции се однесуваат на инвестициски активности коишто се усогласени со еколошко прифатливите деловни политики и зачувување на природните ресурси. Зелените инвестиции опфаќаат инвестиции во процесот кои овозможуваат создавање на зелени производи или услуги ги намалуваат или елиминираат штетните влијанија врз околината, енергетската ефикасност на објектите и воведување на обновливи извори на енергија во согласност со Зелената агенда на Западен Балкан. За имплементација на мерката која се состои од три компоненти – финансиска поддршка, поддршка за стручни обуки за зелени вештини и поддршка за советодавни услуги за зелени инвестиции обезбедивме 26.638.000 денари и опфат на 312 лица, појасни Тренчевска.  

Министерката потенцира дека продолжува имплементацијата на Програмата за самовработување, односно поддршка на невработените лица за отворање на сопствени бизниси со доделување на грантови во висина од пет илјади евра за еден самовработен, односно 10 илјади евра доколку се јават двајца содружници. За оваа мерка се обезбедени  средства за две илјади директни вработувања за чија реализација ќе бидат одвоени нешто повеќе од 672 милиони денари, односно некаде околу 10,9 милиони евра или за 2,6 милиони евра повеќе во однос на претходната година.  

-Оперативниот план го креиравме и по мерка на младите бидејќи тие се нашата иднина и секој поттик и вложување во младите е влог во иднината на државата. Преку Планот ја намалуваме невработеноста на младите, но, ние исто така истовремено преку одржување на континуитет во имплементацијата на мерката обуки за напредни ИТ-вештини обезбедуваме пред се одржливи, високоплатени и атрактивни работни места во државата што се рефлектира и врз нивната мотивираност да останат во земјава. Свесни за новите потреби на пазарот на труд за оваа година обезбедивме 424 обуки за напредни ИТ-вештини за невработени млади лица, рече Тренчевска.  

Со мерката практиканство е проширен опфатот на 1.620 невработени лица до 34-годишна возраст кај работодавачи од приватен сектор, но и во граѓански организации. Се продолжува и со спроведување на мерката младински додаток со кој 3.000 денари месечно ќе бидат исплаќани на 3 500 млади од државата до 23-годишна возраст вработени во производството. Оваа мерка ќе ја користат илјада млади повеќе во однос на минатата година.  

И во 2022 година продолжуваме со проектот гаранција за млади како земја лидер во регионот која прва го имплементираше, а не е членка на ЕУ.  

-Во 2021 година вкупно беа вклучени 19 322 лица, од кои 7 135 се вработени, а 929 лица се стекнаа со вештини коишто ги прават атрактивни на пазарот на труд. Според податоците и резултатите успешноста на гаранцијата на млади за 2021 година изнесува 41 процент што ја надмина прогнозата од 30 проценти успех во наведениот период и зголемување за 6 проценти во однос на претходната година, истакна министерката за труд и социјална политика.  

Таа додаде дека ова е само проекција, а во текот на годината во зависност од интересот за определена мерка може да се врши релокација и пренасочување на средствата од една во друга мерка.

Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во земјава кој се обрати на презентација на Оперативниот план, истакна дека ковид-пандемијата ги засегнала општествата во поглед по родова основа, образовна основа и основа на можности на пазарот на трудот.

-За жал, Северна Македонија не е исклучок од ова иако невработеноста во земјата се намалува слабата активност на пазарот на трудот и капацитетот за креирање одржливи работни места се одлики на македонската економија што станува уште повидлива во КОВИД и постковид времињата.  Владиниот, приватниот сектор и сите вклучени страни треба да реагираат во партнерство за да создадат отпорна економија, заедничка агенда за одржлив развој, инклузивен раст зголемувајќи го социјалниот и економскиот  развој и реализирајќи некои од целите за одржлив развој, рече Грегоријан.

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати истакна дека од година во година се одделуваат се повеќе средства за реализација на ОП и со тоа, нагласи, се повеќе граѓани добиваат можност да се вклучат на пазарот на трудот.  

-За оваа година предвидени се 1,8 милијарди денари, а ќе бидат опфатени околу 15 илјади невработени лица. ЕК ја прогласи 2022 година за година на младите, истакнувајќи ја важноста на младите лица во изградба за подобра иднина. Северна Македонија се приклучи кон ваквите заложби преку повеќе активности. Тука ќе го споменам и проектот гаранција за млади кои нашата земја го спроведува веќе четири години и е првата земја во регионот која не е членка на ЕУ а успешно го имплементира овој проект, истакна Мурати.  

Според него, за најбараната Програма од страна на невработените лица – самовработување и оваа година е обезбеден највисок опфат досега, односно е предвидена финансиска поддршка за отворање на сопствен бизнис за две илјади лица.

Во овој Планот, според Мурати, се содржани и мерки кои овозможуваат поддршка за креирање на нови работни места како што се мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти преку кои се планира да бидат директно вработени 1 790 лица.

-Преку посебниот фонд пак е предвидена поддршка за директно вработување на 350 лица со попреченост. Преку обуките за стручни квалификации и стручни обуки според барања на работодавачите 350 невработени лица ќе можат да се стекнат со квалификации кои се барани на пазарот на трудот, додека преку обуките за побарувани занимања 500 невработени лица ќе се стекнат со вештини кои ќе ги направат поконкурентни и ќе ја зголемат можноста за нивно вработување, нагласи директорот на Агенцијата за вработување.  

Тој информира дека дел од овој Оперативен план е Програмата за работно ангажирање јавни работи која ќе вклучи илјада невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.  

-Како раководно лице на АВРСМ можам да кажам дека сите центри за вработување се подготвени за реализација на ОП и се координирани со централна служба со цел успешен почеток и реализација на активните програми, мерки и услуги за вработување предвидени за оваа година. Првите јавни огласи за програмата самовработување, вработување и раст на правни субјекти и практиканство ќе бидат објавени од 5 април, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план, истакна Мурати.

При имплементација на мерките од планот ќе бидат почитувани три принципи – принцип на побрзо враќање на работа на лицата кои го изгубиле работното место поради пандемијата, принцип на диверзитет и инклузивност и принцип на рамномерен регионален развој.

Лани биле реализирани 94,6 проценти од мерките и програмите на Оперативниот план за вработување.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Македонијапред 4 недели

Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 2 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена